СВР Тетово информира дека се приведени две лица кои оштетиле казино и се однесувале агресивно кон вработените.

-Пполициски службеници на СВР Тетово околу 5 часот и 50 минути на улица „121“ во Тетово ги привеле Е.М.(42) од Тетово и А.М.(29) од тетовско Боговиње, кои во казино го нарушиле јавниот ред и мир, се однесувале агресивно и оштетиле дел од опремата во објектот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против двајцата ќе следуваат поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.