„На Инфективната клиника починаа тројца пациенти. Се работи за пациент од Кочани на 40-годишна возраст кој е хоспитализиран на 29 март без познати минати зболувања. Понатаму пациент од Тетово на возраст од 69 години со претходна состојба тумор на мозокот. И пациент исто така од Тетово на 65-годишна возраст без познати други минати заболувања. Од клиниката денеска заминуваат 4 оздравени пациенти со 2 негативни контролни тестови. Од Дебар стигнати се разултатите на тројца, после 2 контролни негативни тестови се исто така оздравени“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Тој извести дека во последните 24 часа има 15 нови случаи на пациенти со коронавирус. Во Скопје 4, Куманово 8, Тетово 1, Струга 1 и Штип 1 пациент. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти е 570 лица.