Во текот на вчерашниот ден две лица биле уапсени откако претходо било констатирано дека се наоѓаат на листата „апси“.

Имено вчера попладне во 16 часот и 10 минути на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен Л.Б.(36) од Косово, затоа што при извршена проверка во оперативната евиденција било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“ по барање на Интерпол – Швајцарија.

Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Истиот ден, но нешто подоцна во 18 часот и 30 минути на Граничниот премин „Меѓународен аеродром – Скопје“, при пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција, било констатирано дека Ф.Р.(28) од с.Арачиново, скопско, се наоѓал на листата со мерка „апси“,  по барање на Основен суд Скопје 1, поради сторено кривично дело „тешка кражба“.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за спровод до Казнено-поправната установа – Затвор Скопје.