Околу 64 отсто од Французите сметаат дека претседателот Емануел Макрон е лош претседател, покажуваат резултатите на анкетата на групата Одокс.

Анкетата, спроведена по повод 1.000 дена од доаѓањето на Макрон на функцијата, покажува дека 32 отсто од Французите сметаат дека Макрон е „многу лош претседател“, додека спротивното го мислат 36 отсто од испитаниците.

Од оние кои имаат лошо мислење за францускиот претседател, 62 отсто сметаат дека е лош заради „политиката што ја води“, додека 37 отсто оценуваат дека е лош заради „ставот, тонот и  комуникацијата“.