Грција ќе ги продолжи ограничувањата за коронавирусот за уште една недела за да помогне да се спречи ширењето на омикрон, кој стана доминантен во земјата.

Земјата воведе мерки против Ковид-19 минатиот месец во баровите, рестораните и во ноќните клубови за време на божикните празници, кои требаше да истечат на 17 јануари.

Грчките здравствени власти во соопштението соопштија дека ги продолжиле постојните мерки до 24 јануари и дека носењето двојни маски за лице ќе продолжи да биде задолжително во супермаркетите и јавниот превоз.

Во соопштението се наведува и дека високозаразниот сој омикрон стана доминантен во земјата по првиот регистриран случај на почетокот на декември.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 32.694 инфекции на коронавирус и 80 починати.

Од почетокот на пандемијата во земјава се потврдени вкупно 1.568.215 новозаразени и 21.559 починати.