Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски почна да „плаче“ дека новата бугарска Влада ќе ја предаде Бугарија !? Џамбаски кој е од редовите на бугарското ВМРО и заедно со неговиот „шеф“ Красимир Каракачанов, кој беше министер за одбрана и вицепремиер во последната политичка влада кај источниот сосед се најгласните пропагатори на тезите за бугарскиот идентитет на Македонците и за целосно „бугарска“ историја на македонското подрачје. Играјќи на оваа националистичка карта Каракачанов, Џамбаски и нивната мала дружина беа казнети од народот. Во годинашните три одржанио предвремени парламентарни изборни циклуси не можат да освојат ниту еден одсто од гласовите (!), а не да го минат цензусот и да се најдат пак во бугарското собрание. Народот им кажа што мисли за нивните националистички ставови. Поради тоа деновиве според бугарските медиуми раководството на ВМРО на чело со Каракачанов, европратеникот Ангел Џамбаски, потоа Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов си поднело оставки. Стојанов, кој е градоначалник на Сандански, неколку часа пред оставката бил уапсен за купување гласови и задржан на 24 часа. Така сонот на овие луѓе и со купување на гласови не им се исполни на третите парламентарни избори да влезат во Парламентот. Народот во Бугарија им кажа што мисли за нивната ретроградна идеологија !

Затоа Џамбаски „плаче“ се погласно, но очебијно се помалку има истомисленици кои сакаат да ја слушаат националистичката реторика. И во Евро-парламентот му се заблагодарија на забелешките на темата Македонија, со образложение дека не го разбрале како зборува англиски !?

Џамбаски тврди дека еден од ко-лидерите на победничката партија „Проимените продолжуваат“ Кирил Петков кој е кандидат за нов премиер на Бугарија при формирањето на политичката влада, не ги ни споменува националните идеи, а плановите за Скопје се состојат само во „сè да се завитка во убаво пакување, кое нема врска со реалноста“.

-Очигледно е дека најважното прашање за тие луѓе е воздушниот сообраќај меѓу Скопје и Софија. Нема збор за цврста заштита на бугарските национални интереси, ниту предлог за суровото присвојување на историјата и секојдневното кршење на човековите права, вели Џамбаски.

По изборите во неделата,  Петков коментирајќи ги бугарско-македонските односи, изјави дека не треба да се урне целиот процес на добрососедството со Северна Македонија и таа да не биде примена во ЕУ само врз база на еден критериум – историјата. За решавање на прашањето потребно е да се направат правилни работни групи во кои, освен историчари, ќе влезат луѓе од бизнисот, културата, инфраструктурата. Ако не се излезе со тимовите кои ги знаат и предностите и проблематичните точки, нема како да се дојде до крајното решение, рече Петков, изразувајќи уверување дека нема да има проблем со коалициските партнери по прашањето со Северна Македонија.

Според него, најлоша варијанта би било темата Македонија да се користи за политички пароли и цели. Ништо во овој живот не се прави со пароли, туку со работа, а за тоа е потребен тим, вели Петков.