Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) презема многу сериозна одговорност во однос на транспарентноста на проектите кои ги поддржува, како и за информирање на јавноста, се вели во одговорот од ЕБОР до Мета.мк на прашања за реализацијата на првата линија од брзиот автобуски превоз – БРТ во Скопје на потегот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров.

Новата градоначалничка на главниот град, Данела Арсовска ја стопираше тендерската постапка за избор на изведувач што ќе ја гради првата од двете линии на БРТ-то, за која што беше земен кредит од ЕБОР во висина од 70 милиони евра. Официјалната позиција на Градот Скопје сега е дека минатата година биле изготвени анализи, во кои се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина.

Од ЕБОР за Мета.мк велат дека објавуваат детални информации за сите проекти на нивната веб-страница, вклучувајќи ги и документите за брзиот автобуски превоз.

„Сите наши проекти се предмет на многу детална проверка, пред да бидат одобрени и горди сме на високите стандарди според кои се раководиме, и истото го очекуваме од нашите партнери и клиенти. Постојат голем број на чекори на заштита и проверка, кои што ги применуваме за да обезбедиме услови за нашите проекти да ги задоволат овие стандарди“, информираат од ЕБОР.

Па така, проектот е разгледан од ЕБОР и проценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, со што тој се наоѓа на границата помеѓу добри и силни проекти оценети од Банката. За ова медиумите веќе пишуваа во текот на 2020 година.

„Главната цел на проектот е значајно да се подобри нивото на услуги на јавен транспорт и да се помогне во намалување на загадувањето во Скопје, кој во моментов е еден од најзагадените градови во Европа. БРТ се очекува да игра клучна улога во унапредениот транспортен систем, преку воведување на наменски автобуски коридори долж главните градските артерии“, се наведува во еден од документите на ЕБОР коишто се јавно објавени на интернет и може сите заинтересирани лица да ги разгледаат.

Целиот текст на Мета.