Завршил зад решетки за продажба на дрога, а сега е кандидат за градоначалник на општина Гази Баба. Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден од низата кандидати на партијата со сомнително минато, кои се поврзуваат со сторени кривични дела.

Според информациите, пред повеќе од десет години, за пуштање во промет на наркотични дроги, поточно за над половина килограм марихуана, на Стефковски му била изречена три месеца затворска казна. Припадниците на МВР утврдиле дека марихуаната била чувана во напуштен објект во населбата Ќерамидница, а наводно Стефковски заедно со уште едно лице потоа дрогата ја препродавал. По апсењето, на актуелниот кандидат за градоначалник на Гази Баба му бил изречен притвор, а пресудата со која му е определена и затворска казна, потоа била потврдена и од Апелација. Инаку Стефковски е магистер по безбедносни науки. Тој е државен советник во секторот за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа при Министерството за труд и социјална политика и е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.

-Поддржете промени. Поддржете го Бобан Стефковски за конечно Гази Баба да стане подобро место за живеење, напиша на фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по митингот во оваа скопска општина. Ова не е единствен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори кој имал проблеми со органите на редот и мирот.

Дел од медиумите веќе пшуваа дека во 1994 година кандидатот за градоначалник во општина Долнени, Ладо Глигороски е осуден на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци по Член 43. Во тој период Глигороски раотел во полициското оделение во с. Богомила, а казната затвор му е изречена поради користење на прекумерна сила врз лице кое што ило лишено од слоода по што лицето им подлегнало на повредите.

„Ладо Глигороски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Долнени. Тој е чесен и семеен човек, татко на три деца. Активно се занимава со земјоделие.”, истакнаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ при објавувањето на кандидатурата на Глигороски.

Четиристотини евра парична казна му била изречена на кандидатот за градоначалник на Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски поради нарушување на јавниот ред и мир.

Тој во 2016-тата година во спортска сала во одморалиштето „Радости“ во Охрид физички нападнал прилепчанец, кој пак се здобил со телесни повреди од ударите и шлаканиците. Се започнало откако Костовски се обратил со зборовите „Ајде да се тепаш со мене“, по што физички го нападнал прилепчанецот и го отстранил од салата. Сепак, кандидатот за градоначалник, а тогашен советник во Министерството за труд и социјална политика, одговарал единствено за нарушување на јавниот ред и мир по Законот за прекршоци.

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден од низата кандидати за градоначалници на партијата со сомнително минато.