Единаесет лица од едно семејство се дел од загинатите во сообраќајната несреќа во Бугарија- дознава неофицијално и пренесува 24 инфо. Дел од загинатите се и сопственици на познат ресторан од Скопската чаршија кои биле на прошетка во Истамбул. Меѓу загинатите има и малолетни лица од истото семејство.

Според првичните информации дванаесет деца и уште 34 возрасни лица загинаа во сообраќајна несреќа на автобус со македонски таблички, што се случи ноќеска часа, во Бугарија. Трагедијата настанала на автопатот Софија – Благоевград, а по ударот автобусот се запалил.

Според бугарските медиуми, во него имало 52 лица, а според последните информации успеале да преживеат само 6 кои во моментот се наоѓаат во болницата во „Пирогов“ во Софија. Меѓу загинатите деца имало и близнаци. Не преживеал ниту возачот.

– Во „Пирогов“ се сместени шест лица, сите со изгореници на лицето и горните дишни патишта. Двајца се со изгореници на дланките, другите имаат рани. Луѓето се во тешка траума, изгубија роднини, деца. Тие скокнале од прозорците на автобусот, па оттука и повредите, вели за БГНЕС Маја Аргирова, раководител на клиниката за изгореници во „Пирогов“.

Автобусот тргнал околу 21 часот, а влегол во Бугарија преку граничниот премин Капитан Андреево.