Одлуката на Талат Џафери да ги држи синоќа цела вечер пратенциите во Собранието е неразумна, нечовечка, антимакедонска, антицивилизациска и спротивна на правилата и практиката на Собранието, според кои, пратениците работат до 18 часот, се вели во денешното соопштение од „Единствена Македонија“.
Но, синоќешната срамна собраниска седница откри и друга вистина. Во Собранието беше непријатно да се слушаат довикувањата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ како го молат Џафери да се смилува, да ја прекине седницата и да ги пушти да си заминат дома на спиење. Џафери синоќа покажа демонстрација на сила и ја откри болната вистина дека реален шеф во владата и државата е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а пратениците, како и Зоран Заев и Христијан Мицкоски се обични потрчковци без реална моќ да ги вршат своите партиски и државни обврски.
Новата легална власт на Единствена Македонија ќе го врати достоинството на државните органи. Ветуваме дека пратениците на Единствена Македонија на клоци ќе го избркаат Џафери и било кој од собраниската сала дококу направи и најмал обид за повторување на синоќешното целовечерно срамно држење на пратениците за шверцерското донесување на закони со купување на пратенички гласови, стои во соопштението.