“Следната влада ќе ја формира СДСМ. Освен за ВМРО, вратата за соработка е отворена за сите други партии“, порача Едмонд Адеми, министер задолжен за дијаспора во неговото учество во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Што се однесува до предизборната коалиција, Едмонд Адеми контрираше на реториката дека БЕСА ќе се претопи во СДСМ, потсетувајќи дека и ДУИ имаше предизборна коалиција со СДСМ па не се претопи.

„Ние ќе имаме над 61 пратеник и мнозинство за Влада со Движењето БЕСА. Но, како што рече и претседателот Заев, ќе ни треба уште една албанска партија за поголема политичка стабилност. Која ќе биде, ќе покажат изборите“, подвлече Едмонд Адеми од СДСМ.