Двајца битолчани физички нападнати, а едниот од нив избоден со нож.
Според пријавеното во 18:55 часот во СВР Битола, И.А.(32) и В.А.(36) од Битола пријавиле дека околу 12;30 часот во угостителски објект на ул. Партизанска во Битола физички биле нападнати од две лица, при што едното со тврд предмет ги удрило двајцата, а другото со нож му нанело повреда на И.А.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.