Во сообраќајна незгода кај местото „Трапчин Дол„ на патот Кичево – Гостивар, неофицијално загина едно лице тракторист, додека едно е потешко повредено и однесено во болница.

Сообраќајот најпрво беше во прекин во двата правци, а сега е целосно нормализиран.

МВР изврши увид, и подетални информации се очекуваат во текот на денот.