Денеска (18.01.2024) во 13.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во стан на  ул.„Моша Пијаде“ во Куманово, сопственост на Ф.Д.(30) настанал пожар од експлозија на плинска боца, при што станот целосно е опожарен. Од пожарот со тешки телесни се здобил сопственикот кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожар. Увидот е во тек.