Фактор дознава дека се случила експлозија во хидро-електраната Вруток.

Станува збор за најголемата хидроелектрична централа во Македонија која е под системот на АД Електрани на Северна Македонија.

По проблемите со термо-производството во РЕК Битола каде што се прават напори да проработат два блока и изминатиот период имаше пожар и пукање на цевка, сега проблеми се случуваат и во хидропотенцијалот.

Се очекуваат повеќе детали за инцидентот од АД ЕСМ. Хидроелектраните според актуелната состојба на акумулациите, имаат потенцијал од само околу 10 отсто.