СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.M.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства”.

Пријавениот, поранешен вработен во Министерството за одбрана, на негов профил на социјална мрежа објавувал слики и видеа во кои бил облечен во униформата на армијата и со автоматско оружје во рацете, а една од фотографиите била направена во објект на армијата на чија позадина се наоѓаат воени камиони, како и фотографија направена во воен камион, каде се наоѓаат и други вработени.