Претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Џил Бајден организираа свечен прием за претседателите на државите и владите како дел од Генералното собрание на Обединетите нации.

Меѓу гостите на приемот беше и премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, со неговата поубава половина, Елена, која и за оваа пригода внимателно го избра стајлингот и едноставно блескаше во ова свое издание, пишува порталот glamur.mk

kovacevski7

По големиот број позитивни критики за преубавиот розов фустан што шармантната Елена го носеше само еден ден претходно, таа овој пат повторно се определи за комбинација на која нема што да и се замери.

kovacevski5

Имено, таа блескаше во здолништето со впечатлив цветен дезен и црната блуска со кратки ракави, а комбинацијата и покрај тоа што беше поприлично сведена, повторно ѝ пружи ефективен и тренди изглед.

kovcevski

Таа и овој пат избра креација од познатата македонска дизајнерка Тања Кокев, а целото издание го „зачини“ со децентна шминка, мали обетки и својата впечатлива кратка коса со која никого не остави рамнодушен.

Од друга страна, сопругата на првиот човек на САД носеше светка фустан во темна нијанса и со долги ракави, а судејќи според коментарите на корисниците на социјалните мрежи, сопругата на Ковачевски едноставно блескаше и во ова свое издание и повторно никого не остави рамнодушен.

Сопругата на Ковачевски и овој пат привлече внимание, а до скоро јавноста речиси и да не знаеше ништо за неа.

kovacevski4

Елена е родена во Крива Паланка и заедно со својот сопруг и децата живее во Скопје, а неодамна во центарот на вниманието беше и нејзината ќерка, Тамара Ковачевска.

Повеќе на линкот тука