Завчера околу 17.45 часот во ОВР Пробиштип било пријавено дека во помошен објект на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, сопственост на П.Д.(88) од Пробиштип, настанала експлозија на плинска боца и пожар.
Притоа, сопственикот се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување помош. Од пожарот настанало делумно оштетување и на соседната куќа, сопственост на Ц.В..
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип пожарот бил изгаснат, а по наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од ОВР Пробиштип.