АД ЕСМ на 10.12.2022 година произведе 12.884 MWh електрична енергија и со своето производство целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во термоелектраните произведени се 11.047 MWh, а во хидроелектраните и во ветерниот парк Богданци произведени се 1.837 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 2.210 MWh електрична енергија, наменета за дополнителни снабдувања по владини одлуки за потребите на капацитети од прехранбената индустрија, училишта, јавни претпријатија и други објекти од виталната инфраструктура во државата.

*Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 10.12.2022 година.