Секој граѓанин може од денеска да провери дали е корисник на домашната платежна картичка. Списоците на корисниците согласно дефинираните каритериуми со владината уредба се изготвени и конечната листа е објавена на веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk, а веќе се печатат и првите картички и наскоро ќе почнат да се издаваат на корисниците.

Ова го соопшти денеска на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска, која додаде дека банките ќе почнат да ги доделуваат картичките од крајот на оваа недела, а сите картички ќе треба да бидат издадени најдоцна до 18 јули и искористени најдоцна до 15 август.

На веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk можете да проверите дали ќе добиете финансиска помош од државата само со внесување на матичниот број.
Страницата може и да е преоптоварена и да функционира побавно, па ќе треба да бидете стрпливи.