За утре е закажана подготвителната седница на која Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пред енергетските компании ќе ги презентира механизимите кои ќе ги активира при носење на новата одлука за цената на електрична енергија, информира Марина Узунов, портпарол на РКЕ.

Како што појасни, станува збор за исклучителенo комплексен процес и во време на енергетска криза сите страни мора да се солидаризираат.

Најдоцна до петок РКЕ треба да ја донесе одлуката за цената на струјата за корисниците на регуларниот пазар што ќе важи во првите шест месеци од наредната година.

РКЕ се уште ги анализира пристигнатите барања од енергетските компании. Сите енергетски компании побарале зголемување на цената на електричната енергија.