Владата на денешната седница ја донесе уредбата со која се уредува постапката за издавање на дозволите за движење во време во кое е утврдена забрана за движење за време на траењето на вонредната состојба, а кое се регулира од страна на Министерството за информатичко општество и администрација.
Издавањето на дозволи за движење во време во кое е утврдена забрана за движење за време на траењето на вонредната состојба, кое го врши МИОА се издава на:
– вработените во органите на државната власт,
– вработените во здравствените установи од јавниот и приватниот сектор,
– медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот,
– вработените во пекарите и бурекџилниците, со најмногу до пет вработени,
– вработените во погребалните претпријатија,
– членовите на општинските кризни штабови, и
– физичките и правните лица за кои претходно дозвола дал Главниот координативен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19.
Барањето за издавање на дозвола за движење за определените лица се поднесува преку Националниот портал за електронски услуги кој го води МИОА, каде што се објавени и условите кои треба да бидат исполнети за да се стекне правото на дозволите за движење во време во кое е утврдена забрана за движење за време на траењето на вонредната состојба.