Европската агенција за безбедност на храна минатата недела објави дека Европа повеќе од една година страда од најразорната епидемија на птичји грип во историјата. Повеќе од 50 милиони животни беа усмртени на заразените фарми, а со почетокот на зимата, интензитетот на вирусот се удвои.

Птичјиот грип е потврден во петокот на фарма за кокошки во заедницата Брод, во чешкиот регион Тачовск. Ова е досега најголемата епидемија на птичји грип во Чешка, а всушност и најфатална во историјата на Европа.

Кон крајот на 2022 година, Државната ветеринарна управа потврди дека подтипот на птичји грип H5N1 е потенцијално пренослив на луѓето. Во моментов се утврдува неговата патогеност, изјави портпаролот на Управата, Петр Мајер, пренесува Newsbeezer.

Се очекува истоварот на живината да започне оваа недела, а како што се наведува, причина за земање мостри и започнување истрага од ветеринарните инспектори е тоа што одгледувачот во соработка со приватен ветеринар пријавил нагло зголемување на угинување на живина во една од трите хали.

На фармата во Чешка веднаш презеле прелиминарни мерки за спречување на ширење на болеста. Управата се подготвува за усмртување на живината во соработка со противпожарната служба. Од 14 декември забрането е одгледување на живината на отворено низ цела Чешка.

Епидемијата во Тачовскиот регион е деветнаесетта годинава, а деветта од почетокот на декември. Само во тој регион биле заразени близу 750.000 кокошки.

Покрај тоа, евиденцијата за отстрел на птици не вклучува превентивен отстрел на здрави птици, кои биле блиску до „изворот“ на избувнувањето на болеста. Од октомври минатата година до септември 2022 година, вирусот на птичји грип е потврден во 37 европски земји.

Веќе се прошири во Северна Америка и се појави во Еквадор, активирајќи план за заштита на дивите птици на островите Галапагос на почетокот на декември. На крајот на минатата година, ветеринарите ја открија најголемата епидемија на птичји грип во Чешка, на голема живинарска фарма во Либотенице, каде што имало речиси 190.000 животни. Таму на 22 декември дошло до инфекција со подтипот H5N1, што беше потврдено еден ден подоцна. Ликвидацијата започна по католичкиот Божиќ и траеше до 1 јануари, а беа уништени речиси 1,7 милиони јајца. Загубите надминуваат десетици милиони круни, па сосема е очекувано да дојде до поскапување на ова месо.

Илјадници кокошки се убиваат во Данска поради птичјиот грип. Најавено е дека на фармата ќе бидат усмртени 50.000 кокошки откако на 31 декември беше пронајден птичји грип кај неколку мртви кокошки на фарма во близина на градот Орум во западниот град Хеденстед. „Јатото е заразено со смртоносниот и многу заразен вирус на птичји грип H5N1“, рече Лоте Бринк, шеф на данската Управа за ветерина и храна (DVFA). DVFA, исто така, забрани неовластено отстранување на јајца или живина од фарми на 10 километри од фармата. Последната епидемија е забележана како четврта и најголема епидемија на птичји грип во Данска од октомври минатата година.