„Во однос на прашањата за 31-годишниот пациент којшто почина, во анамнезата и документите на Инфективната клиника, не стои дека укажал на тоа дека има претходни заболувања, иако дознавме, кај специјалистите кај кои правел консултации претходно укажал дека има некои претходни здравствени состојби, но во историјата на клиниката нема регистрирано никакво друго заболување“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.