Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил им се заблагодари на своите колеги.

-Колеги, Ви благодарам што не се откажувате! Ви благодарам што давате сè од себе за да го спасите, зачувате и подобрите здравјето на нашите пациенти. Целиот товар е на вашиот грб и ја заслужувате најголемата почит и благодарност за хуманоста, грижата и пожртвуваноста. Во оваа борба со ковид-19 вие сте нашите херои!, напиша Филипче на ФБ.