Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека заразената од коронавирус сместена на инфективната клиника е добра и е во фаза на опоравување.

„Во моментов се чекаат резултати од тестирање на едно лице кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица. Тој поради покачена температура се јавил во соодветна здравствена установа каде му се направени тестови за присуство на коронавирус“, рече Филипче.

Се јавиле и двјца државјани од Бугарија кои работат во фирма во Битола кои од Италија се вратиле на 28-ми овој месец. Тие се во добра состојба но од превентивни причини ќе бидат проверени.

„Одлуката да предложиме забрана за одржување на масовни собири како Струмичкиот и Прилепскиот карневал ја предлагаме од превентивни причини и денеска на седница на влада во 12 часот ќе биде одлучено дали ќе биде донесена“, рече Филипче.

Таа, рече министерот, според сегашните проценки би траела една недела а истото се однесува и за спортските натпревари.

И Грција веќе донесе мерка забрана на одржување на карневал во Патрија. Во светот има уште 4 земји каде се појави коронавирусот, Нигерија и три во Европа. Засега заболени од вирусот регистрирани се 774 заразени од кои 660 се од Италија кажа Филипче.