Функцијата министер за здравство му ја предадов на д-р Беким Сали, истакна поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.

Филипче му посакуа успех и среќа во извршувањето на функцијата.

„Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите“, посочи Филипче.