Горд сум што целокупниот здравствен систем е мобилизиран и функционира како едно. Ова се само дел од моите колеги од Службата за итна медицинска помош која во секое време во денот е на терен и ја дава својата максимална здравствена заштита за сите пациенти, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук.

Да ги почитуваме мерките и заеднички да го стопираме ширењето на коронавирусот.