„Холандија донираше еден цел кабинет за дијагноза на коронавирусот. Станува збор за машина, кабинети за изолација, целата опрема којашто треба да се инсталира и тестови за 2 илјади пациенти. Тоа е практично лабараторија којашто ќе го дуплира капацитетот на сегашната лабораторија на ИЈЗ, по перформансите сосем еднакви. Холандија тоа го донира преку меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена и СЗО, за што сакам да изразам огромна благодарност“, рече министерот за здравство Венко Филипче.