Министерот за здравство Венко Филипче најави спроведување на скрининг во Дебар со оглед дека таму веќе нема новозаболени, а сите пациенти заздравуваат, за што ќе биде искористена донацијата од 20.000 тестови за скрининг за антитетела.

-Ќе направиме еден скрининг во бројка од 20-30 отсто од вкупното насление во регионите во кои досега имаше мерки на рестрикција на движење воведени уште пред вонредната ситуација со што сакаме да направиме скрининг на населението и да се процени имунитетот, што ќе биде одличен пример за тоа што би можеле да очекуваме и на ниво на целата држава во оној момент кога ќе одлучиме дека треба да се прави таков скрининг со антитела согласно времето на епидемијата, односно времето во кое се наоѓаме на епидемиолошката крива, посочи Филипче.

Во овие две општини се укинува кризната состојба и ќе важат мерките кои важат на ниво на целата држава.