Лекарите докажаа како се стои на браникот на државата, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 појаснувајќи дека ваква ситуација на мобилизација и ротација на здравствените работници немало никогаш, каков што е случајот и во другите земји.
Филипче рече дека се смешни обвинувањата кон медицинскиот персонал, особено оние кои доаѓаат да помагаат од внатрешноста во главниот град затоа што со денови не одат дома, остануваат по неколку смени со цел да им помагаат на пациентите.
-Ги следиме светски протоколи, терапија која е потребна ја имаме, рече Филипче појаснувајќи дека располагаат со огромна количина на заштитна опрема набавена и добиена како донација од меѓународните фактори.