Mинистерот за здравство Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку маските можат да бидат превенција од ширење на коронавирусот, повтори дека врз основа на мислењето од експертите епидемиолози, маска на отворен простор не е начин за заштита на граѓаните, туку напротив, може да го зголеми ризикот од инфекција.
„Може да го зголеми ризикот за инфекција поради манипулацијата на маската со раце, со оглед на тоа што оваа инфекција се пренесува токму преку раце и вирусот одреден период останува на површините“, објасни Филипче.
Во контекст на недостигот на маски, тој рече дека има доволна количина за здравствените работници кај нас и дека во текот на вчерашниот ден се направени технички интервенции во Управата за царина за да се надмине тој проблем во аптеките.