Потврдите за лицата со хронични болести кои досега ги издаваа лекарите специјалисти и со кои тие беа задолжени да седат дома, сега со промената на начинот на издавање на овие потврди можат да ги издаваат и матичните лекари. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

„Доколку во овој момент истече некоја потврда за хронични болести и за хронична терапија на пациентите кои досега ги добиваа од лекар специјалист сега можат да се упатат само кај својот матичен лекар. Да не бараат потврда од специјалист. Со ова сметавме дека значајчно ќе се олесни функционирањето во овој дел“, рече Филипче.