Во денешното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија, министерот за здравство Венко Филипче, со објаснување зошто во момент кога мислевме дека епидемијата стивнува, имаме зголемување на бројот на новозаразени.

“Ова е фаза од епидемиолошката состојба, односно епидемиолошката крива со која се соочуваат апсолутно сите држави. Ние бевме свесни дека ваква ќе биде ситуацијата. Ситуацијата со вирусот апсолутно стивнува и сега е во една мирна фаза во која има апсолутна контрола во однос на преносот, на бројот на нови пациенти, слободни легла во болниците и сл. Новите пациенти се заболени како резултат на познати контакти, немаме некое изненадување да не знаеме од кој контакт се заразиле. Тоа е резултат на фактот дека во изминатиот период имавме воведено многу рестриктивни мерки.

Новите случаи потекнуваат од непочитување на мерките кои ги спомнуваме постојано, а за среќа има и граѓани кои ги почитуваат мерките и тоа е засекоја пофалба” – изјави Филипче.