Денеска имав можност да поразговарам со неколкумина млади студенти кои ми оставија посебен впечаток, истакна министерот за здравство Венко Филипче.
„Тие се волонтери во ковид центрите и помагаат во процесот на вакцинацијата што се одвива во А1 Арената Борис Трајковски. Исклучително ми е драго дека младите се заинтересирани да помогнат во текот на пандемијата а со самото тоа имаат можност да стекнат огромно искуство“, нагласи Филипче.