Министерството за здравство информира дека негативни се резултатите на корона вирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава.

Засега нема нов случај на заразен со корона вирус. Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба.

Продолжуваме редовно да ја информираме јавноста. Нема простор за паника. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на ресорното министерство.