Новиот пик е резултат на непочитување на мерките и за време на рестрикциите на движење, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „КликПлус“ на ТВ21.

Рестикцијата не е долгорочна мерка, меѓутоа веднаш по општањето на мерките поради непочитувањето на мерките дојдовме до зголемен број на заразени, појасни Филипче со нашето однесување може да ја спречиме трансмисијата на вирусот.

Како и во другите земји, Филипче рече дека за се ќе има протоколи за патување, за хотели, ресторани… за постепено да се вратиме во нормала.

-Укажавме дека големи собири не треба да има. Нека биде кампањата поинаква, преку социјалните мрежи, со мали собири со пример како треба да се однесува, порача Филипче.