Нема друг регистриран случај на заболен со омикрон сојот во Македонија, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче, при посетата на гинекологија „Чаир“. Засега останува само човекот дојден од Велика Британија,к аде беше изолиран токму овој најнов сој на корона вирусот. Најави дека од следната недела ќе се направат група тестови за дополнително секвенционирање, но дека засега епидемиолошката состојба е стабилна.

Според него нема потреба од дополнителни мерки за заштитиа од корона вирусот и уште еднаш повика на вакцинација на граѓаните кои тоа досега не го направиле.
Потенцира дека е важно граѓаните да се придржуваат до стандардните мерки, да не се собираат по многумина на мал простор, да носат маски таму каде е потребно и сека да се вакцинираат што е можно поскоро.

Филипче вели дека е добро што здравствениот систем не е оптоварен со многу пациенит и дека би било добро ситуацијата така и да остане.