Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната пресконференција во врска со скринингот на учениците посочи дека тој е завршен во најголемиот број од училиштата во државата.

– Тестирани се над 5000 ученици, а 15 биле позитивни на вирусот. Сега е исклучително битно во периодот кој следи сите овие протоколи кои се пропишани да важат во училиштата, да се почитуваат како што треба за да се заштити целокупниот образовен процес, додаде Филипче.