Претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче на трибината “Агенда Родова еднаквост 20-24”, истакна дека претходниот закон за абортус донесен од ВМРО-ДПМНЕ целосно ја погазуваше волјата на жената. Според Филипче, причините зошто жените се одлучуваат да абортираат се различни, а со претходниот закон, жената беше доведена во состојба да трпи притисок и да е убедена дека врши убиство.

Филипче истакна дека само вистински маж е добар адвокат на жените и дека верува во родовата еднаквост.

“Биолошки сите се еднакви. Никој не е повеќе паметен, покреативен, поинтелигентен. Како креатор на политика на укинување на квотите само во аптеките, сметам дека квотите не треба да постојат, сметам дека навистина жените треба да се мобилизираат” , рече Филипче.