Во врска со состојбата кај децата и во училиштата, на ниво на цела држава активни случаи на заразени деца со ковид-19 има 1.068 и тие се на возраст до 18- рече министерот за здравство Венко Филипче. Во болницата во Козле хоспитализирани се 23 деца, а само две деца се на кислородна поддршка. Хоспитализирано е и едно 2 месечно бебе, но нема дете во критична состојба. Нема значајно отстапување на бројот на прегледи. Скринингот е завршен во најголемиот дел од училиштата и само 15 ученици биле позитивни на вирусот”, соопшти Филипче.

Министерот укажа дека протоколите мора да се почитуваат за да може да се спроведува образовниот процес, а граѓаните да бидат свесни и оние кои не се вакцинирани, да се јават на вакцинација.