Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
„Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 354 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 183
Куманово – 54
Дебар – 47
Штип – 15
Прилеп – 12
Тетово -13
Струга – 9
Велес – 6
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 1
Гевгелија – 2
Струмица- 1
Крива Паланка – 1
Кочани – 1
Во изминатото дено-ноќие направени се 257 теста, од кои: преку ИЈЗ – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 2.
Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на Ковид-19“, истакна Филипче.