На Меѓународниот балкански универзитет, денеска се отвори Факултетот за дентална медицина и Високата медицинска школа, каде се опфатени стручни студиски програми за медицински сестри и акушерки, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Тој на својот фејсбук профил истакна дека на отворањето со претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп разговарале за значењето на едуцирањето на новиот кадар, како и за важноста на вложувањето во квалитетни здравствени услуги.

-Универзитетот за практична настава на студентите, ќе соработува и со јавни здравствени установи: ГОБ„8-ми Септември”, Универзитетски стоматолошки клинички цетар „Св.Пантелејмон”, ЗД Скопје. На моите колеги, наставниот кадар им посакувам успешна работа, а на студентите да го реализираат нивниот сон за кариера во здравствениот сектор во нашата држава, порача министерот.