Од следната недела ќе бидеме подготвени за мобилни тестирања, истакна Филипче, припремите траеа изминативе денови.

Добра е состојбата на пациентите во Штип, луѓето кои беа дојдени од Србија и мајката и девојчето кои се дојдени од Англија, без компликации од болеста, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

-Владата во текот на вчерашната седница донесе одлука со кое се забранува движење за време на викендот од 16 часот до 5 часот следниот ден. Оваа мерка е мерка којашто единствена дава добри резултати, мерка со која се ограничуваат социјалните контакти, која става крај на ширењето на патот на вирусот- рече Филипче.

Од следната недела ќе бидеме подготвени за мобилни тестирања, истакна Филипче, припремите траеа изминативе денови.

Добивме одговор од повеќе донатори, преку Норвешката влада за респиратоните машини, ги очекуваме на почетокот на април, истакна министерот.

-Дополнително најавуваат одговор и од Владата на Кина, донација којашто ние ја побаравме пред неколку недели, најавија дека ќе добиеме дефинитивен одговор. Следнава недела ќе пристигнат и 500 илјади маски и 20 илјади тестови, реагенси за тестирање на вирусот- рече Филипче.