Министерот за здравство Венко Филипче, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека луѓето без потреба купуваат лекови и формираат домашни аптеки. Министерот истaкна дека е стар проблемот со препишување на антибиотици, но дека во овој период  се испитува каде има повеќе препишување на антибиотици, по што здравствениот систем ќе реагира.

„Таму каде приметивме дека имаме поголемо препишување антибиотици, веќе правиме анализа и испитување кој лекар на кој пациент препишал антибиотик. Можеме тоа да го следиме електронски, со тоа што потоа ќе донесеме заклучоци, да дадеме некои укажувања“, рече Филипче.

На прашањето: Дали е тоа од паника, па матичниот да не погреши, па да земе сумамед пациентот, или да земе повеќе лекови и антибиотици, Филипче вели:

„Мора да бидеме искрени дека со години наназад имаме тенденција, особено во овој период, кога се уште имаше квоти во аптеките, на формирање на домашни аптеки. Откако се укинаа квотите, реализација на процентите, ете на пример во Струга се намали за 30%. Може да замислите колку луѓето биле во паника. Тоа е целта зошто испитуваме“, рече Филипче.