Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека во моментов се тестираат седум нови лица – тројца од Дебар, Двајца од Штип и двајца кои биле во Австрија и Германија.
Резултатите рече министерот ги очекуваат во текот на денот и јавноста ќе биде известена.
Министерот кажа дека првозаразената е испуштена од изолационото оделение на инфективната клиника откако контролните тестови покажале дека таа е здрава и нема веќе корона вирус.
За другите хоспитализирани на клиниката во Скопје и на инфективното оделение во Дебар министерот рече дека се во стабилна состојба а во стабилна состојба е и пациентката од Дебар која е на респираторна машина.
Граѓаните нема потреба да се самотестираат одговори министерот на прашање каде и дали граганите може самоиницијативно да се тестираат додавајки дека тоа требе да го остават да го одлучат епидемиолозите кај кои ако имаат симптоми требе да се јават кај нив.