Во денешното издание на “Детектор” на Сител ТВ, министерот за здравство Венко Филипче запрашан за обвинувањата од лидерот на опозицијата дека оние доктори во јавното здравство кои гравитираат блиску до ВМРО-ДПМНЕ се ставаат на страна и не се користат нивните знаења и капацитети во овој клучен момент, со одговор:
“Јас во ниеден момент оваа ситуација, ниту пак јавните настапи, не сум ги употребил за каква било политичка цел. Ова е премногу сериозно прашање коешто ги надминува и дневно-политичките интереси и обидите политички да се поентира. Во рамките на Комисијата за заразни болести има експерти, луѓе коишто со години работат таму и за кои не ни знам од која политичка провиниенција се. Луѓето коишто работат директно, медицинските сестри и лекарите на Инфективната клиника исто така. Мораме да го надминеме ова прашање на добивање политички поени кога станува збор за ваква работа, односно јавното здравје. Секојдневно сме во комуникација и совети добивам од еден поранешен министер за здравство од ВМРО-ДПМНЕ којшто има експертиза од областа на епидемиологијата и ваквата комуникација ние ја користиме за размена на искуства и совети.
Нема тука поделба на ниту еден доктор, медицинска сестра, здравствен работник по политичка основа кога станува збор за ваква работа!” – истакна Филипче.