Во вечерашната “Топ тема” емитувана на Телма ТВ, гостин беше министерот за здравство, д-р Венко Филипче, кој запрашан дали не сме влезени во фаза кога е потребно да се пристапи кон масовно тестирање на населението со оглед на фактот дека сè поголем број од населението го има вирусот симптоматски или асимптоматски, Филипче со следниот одговор:
“Во смисла на тоа во која фаза сме со рестриктивните мерки, во смисла на тоа дека имаме добар линеарен самопораст на новодијагностицирани пациенти, во смисла на тоа дека здравствениот систем добро ги амортизира како приеми пациентите на кои им е потребна хоспитализација метам дека досегашната стратегија се покажа како одлична стратегија.
На секојдневните утрински состаноци на Комисијата за заразни болести се разговара за тоа дали оваа стратегија треба да се промени или не, но линеарниот пораст на пациентите е тоа што сега го сакаме. Ќе анализираме и стари случаи. Веројатно во некоја подоцнежна фаза од пандемијата кај нас ќе имаме и поинаков пристап, меѓутоа сега стравувајќи од негативно лажни резултати кои може да доведат до тоа населението да не ги почитува мерките, сметаме дека ова е добра стратегија што дава резултати и сега за сега треба да останеме на истата.” – одговори министерот за здравство Венко Филипче.