Да не знае човек дали да плаче или да се смее, знам дека е чудно да се дели на народ, чудно е да даваш зашто бевте научени само да се зема, вели за ВМРО – ДПМНЕ Фатон Асани, директорот на Агенцијата за конфискација на имот откако агенцијата додели пакети банани на сите основни училишта во Марврово и Ростуше. Локалната организација на ВМРО – ДПМНЕ безосновано и пушално ја манипулира јавноста дека се работи за сомнителни и неиспитани банани за што директорот достави доказ од агенцијата за храна и ветеринарство дека бананите се испитани и се исправни за конзумирање.
– Да не знае човек дали да плаче или да се смее, знам дека е чудно да се дели на народ, чудно е да даваш зашто бевте научени само да се зема, истиот случај во време на вашата ВМРО -ДПМНЕ би завршил на Кванташки… За Ваша информација од страна на агенцијата се донира и на социјални центри ширум нашата држава и доделени се над 150.000 парчиња разна стока (облека, храна, апарати за домаќинство итн.). Има уште многу да пишувам за колку агенцијата ја помага државата, државата која и штетевте 12 години, државата која што ја наследивме не на колена падната туку во фаза на клиничка смрт, вели Асани.
На првата фотографија се гледа лажното обвинување објавено на facebook профилот на ВМРО -ДПМНЕ Маврово – Ростуше, додека на втората записникот од инспекцискиот надзор на кој јасно се гледа дека немашто спорно во пакетие кои ги доделила агенцијата.