Во време на голема економска криза кога владата на СДСМ намалува цени со цел олеснување на животот на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните, велат од ОО СДСМ Зрновци.

Од следниот месец жителите на општина Зрновци ќе плаќаат поскапа сметка за комунални услуги.

Градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ заедно со советниците од оваа партија ги поскапе услугите за граѓаните.

Со одлука на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ во советот на општината сметката за комунална такса ќе изнесува 250 денари.

Тоа е зголемување за околу 66 отсто од досегашната сметка која изнесуваше 150 денари.

За правните лица, ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да се зголеми цената за 15%.

Ова е пример како градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ под водство на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски не работи ништо а удира по џебот на народот.

Нема проекти, нема идеи, нема решенија за граѓаните, но затоа има зголемување на комуналните услуги.

Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособниот градоначалник досега во Зрновци и најголемо разочарување за граѓаните, наведуваат од ОО СДСМ Зрновци.

1D34CD57-78B3-4CFA-A149-E69D5E1534A9